Копнениот дел на Русија и полуостровот Крим се поврзани со метална конструкција тешка повеќе од 100 илјади тони која се потпира на 288 столбови, се наведува на веб-порталот посветен на фазите на изградбата. „Пред Нова година градителите ги поврзаа двата брега (кримскиот и таманскиот) со централниот дел на мостот“, објаснува заменикот-генерален директор за инфраструктурни проекти на компанијата „Стројгазмонтаж” Леонид Риженкин. „Денес веќе во целост ја формиравме конструкцијата на патниот дел на мостот која во должина од 19 километри претставува една целина“.
Така во целост е реализиран планот за 2017 година. Засега се асфалтирани преку 50% од мостот и работите продолжуваат. Асфалтирањето на централниот дел на мостот ќе почне во 2018 година. Освен тоа, следната година градителите ќе почнат со изградба на електричната мрежа, системот за одвод на вода, осветлувањето и заштитната ограда.
Патниот сообраќај преку мостот ќе биде пуштен во декември 2018 година.
Прочитајте ја и забавната вест за „главниот инспектор“ на Кримскиот мост.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче