Московјанин доби од руските власти ненаселен остров на Далечниот Исток

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Новиот сопственик планира да направи од островот туристичка дестинација за „потрага по скриено богатство”.

Московјанинот Нарек Оганесјан доби ненаселен остров во рамките на руската програма за бесплатно доделување на „далекуисточен хектар“, која има за цел населување на оддалечените краишта на земјата. Секој граѓанин на Русија има право на парче земја кое го добива бесплатно за период од пет години. Потоа тој својот хектар може да го земе под наем на 49 години со право на откуп по 10 години.

Оганесјан планира да го претвори островот во специфична туристичка атракција. „Ова е нешто ново, на светот такво нешто не постои. На островот ќе скриеме некои артефакти кои посетителите ќе ги наоѓаат решавајќи неколку задачи и загатки“, објаснува тој. Додава дека веќе добил преку 3000 пријави од луѓе кои сакаат да учествуваат во „потрага по скриеното богатство“.

Прочитајте како живее типичен жител на рускиот Далечен Исток?