Се работи за државната програма во рамките на која сите граѓани на Русија имаат право по желба да одберат парцела од еден хектар на расположливите површини на рускиот Далечен Исток. Целта на програмата е поттикнување на населението на Русија поинтензивно да ги населуваат инаку слабо населените далекуисточни територии.
Обликот на парцелата може да биде произволен и таа околност ја искористи еден граѓанин на Русија – по негова желба парцелата е регистрирана во знакот на Бетмен. Додека други одбираат парцели за да на нив да отворат земјоделско стопанство или да се занимаваат со некој друг вид бизнис, овој „креативец“ ѝ даде слобода на својата фантазија и направи своевидно „светилиште“ за познатиот суперхерој.
Парцелата може да се види на сајтот НаДальнийВосток.рф (картата е достапна само за авторизирани корисници). Се наоѓа на југот на Приморскиот крај недалеку од брегот на Јапонското море и излегува на Бојсмановиот залив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче