Благодатниот оган патува со московското метро за Велигден

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Велигденскиот симбол пренесен до православните цркви во рускиот главен град преку подземната железница.

Првпат Благодатниот оган го напушти московскиот аеродром Внуково со јавен транспорт и потоа кружеше по прстените на рускиот главен град: Садовое кољцо, Третиот транспортен прстен, московската обиколница и кружната линија (Линијата 5) на московското метро.

Потоа огнот беше пренесен до неколку храмови во градот, почнувајќи од Соборниот храм „Христос Спасител“, каде патријархот Кирил - поглаварот на Руската православна црква - ја држеше Велигденската литургија.

Прочитајте повеќе: Како Русите и Македонците го одбележуваат Велигден