Благодатниот оган првпат во историјата пренесен во САД од Русија

Две ламби со пламен од ерусалимскиот храм на Гробот Господов стигнаа во Њујорк на 16 април со лет од Москва.

Пламенот на Благодатниот оган првпат во историјата беше донесен во САД, пренесува ТАСС.

Две ламби со пламен од ерусалимскиот храм на Гробот Господов стигнаа во Њујорк на 16 април со лет од Москва.

„Првпат во историјата на Америка во земјата стигна Благодатниот оган. Многу е скапо да се пренесе пламенот директно од Ерусалим со приватен лет и затоа решивме да го донесеме од Москва“, изјави протоѓаконот на Знаменскиот Синодски собор на Руската православна црква во странство (РПЦС) во Њујорк Дионисиј Љвов.

Една од ламбите беше пренесена во црквата на иконата на Мајката Божја во Брајтон Бич.

Пламенот на Благодатниот оган исто така беше донесен и во Серафимовскиот храм на Лонг Ајленд и во Синодска Знаменска црква на РПЦС на Менхетен. Покрај тоа, огнот ќе биде пренесен и во Вашингтон, каде ќе му биде предаден на храмот „Јован Претеча“. Храмовите во другите држави исто така по желба ќе можат да го добијат пламенот од Благодатниот оган. 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња