Друмскиот лак на Кримскиот мост ќе биде заштитен од ветрот со аеродинамична конструкција

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Се очекува дека брзината на ветрот на нивото на коловозот на централниот дел од мостот би можела да достигнува 40 м/с.

Градителите ја завршија монтажата на аеродинамичните додатоци на фасадата на друмскиот лак на мостот преку Керченскиот теснец кој го поврзува Кримскиот полуостров со остатокот од Русија. Ова во четвртокот го соопшти информативниот центар „Кримски мост”.

Поставената конструкција би требало да го намали дејството на ветрот на мостот, што на возачите ќе им овозможи побезбедно и поудобно возење.

Информативниот центар соопшти дека аеродинамичните додатоци се монтирани „директно од мостот, во безбеден режим, без воведување какви било ограничувања за движењето на бродовите“. 

За Керченскиот теснец, каде што се гради мостот, олујните ветрови се вообичаена појава, истакнуваат стручњаците. На нивото на коловозот на централниот дел од мостот брзината на ветрот може да достигне 40 м/с.

„Заради спречување на негативни аеродинамични појави се спроведени специјални испитувања на теренот. Добиените резултати ни овозможија да проектираме извесен облик на аеродинамични додатоци кои наликуваат на авионско крило. Се работи за 190 елементи на метална конструкција, кои на фасадата на лакот на мостот формираат еден вид „венец“, изјави заменик-директорот за проектирање на „Институтот Гипростројмост - Санкт-Петербург” Виктор Галас.

Паралелно со овие работи на друмскиот дел на мостот е продолжено монтирањето на елементите за уредување на сообраќајниците. Поставени се сите 14 столбови за осветлувањето, а на надворешните сообраќајни ленти се монтирани огради. Откако на коловозот ќе биде нанесена хидроизолација, градежниците ќе почнат со асфалтирање.

Прочитајте повеќе за посетата на Путин на Кримскиот мост: Се надева на првите автомобили веќе во мај