Путин во посета на Кримскиот мост: Се надева на првите автомобили веќе во мај

Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска беше во посета на Кримскиот мост и рече дека друмскиот сообраќај на најдолгиот мост во Русија и Европа ќе биде пуштен во работа пред предвидениот рок.

Фасциниран од импозантноста на мостот, тој ги пофали градежниците кои дојдоа од сите краишта на Русија и успеаја да го изведат она што генерациите пред нив мечтаеле и осуетувани од војните и други проблеми, се обидувале да го реализираат многупати, уште од „царот-батјушка“, како што рече тој, но тоа досега никому не му тргнало од рака.

Раководителот на компанијата „Стројгазмонтаж“ (главниот изведувач на работите) Аркадиј Ротенберг потсети дека друмскиот дел од Кримскиот мост според планот треба да биде пуштен во работа во декември, но дека работите ќе бидат завршени веќе во мај.

„Би било добро, се разбира, и луѓето во летната сезона да можат да го користат мостот“, рече Путин и укажа и на неопходните пристапни патишта со кои треба прописно да се позанимаваат.

Путин со градежници

Тој истакна и дека останало само да се постави слојот од асфалт-бетон и да се обележат лентите, значи работи кои не спаѓаат во сложените. На другата делница, железничкиот дел од мостот (отворањето е предвидено за крајот на следната година), има уште многу работа, рече Путин.

Шефот на руската држава пристигна на мостот со автобус од правец на Краснодарскиот крај, на најголемиот распон на мостот, лакот, единственото место на кое под градбата можат да пловат бродови.

Тој им вети на градежниците дека задолжително ќе се појави на свеченото отворање на друмскиот дел од мостот.

Кримскиот мост, чиј капацитет ќе биде 40 илјади автомобили и 47 пара возови дневно, односно 14 милиони патници и 13 милиони тони товар годишно, се гради од 2016 година.

Прочитајте повеќе за Кримскиот мост: Две години изградба во бројки и податоци

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња