Видео: Поветкин го нокаутираше Британецот Прајс

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот боксер Александар Поветкин, шампион на WBO International и WBA Inter-Continental во тешка категорија, ја одбрани својата титула победувајќи го со нокаут Британецот Дејвид Прајс.

Мечот во Кардиф заврши во петтата рунда со тежок нокаут. Русинот сега има 34 победи и само еден пораз, соопштува агенцијата РИА „Новости“.

Поветкин и Прајс излегоа на рингот во воведниот меч на големиот боксерски спектакл пред мечот на вечерта во кој за обединетите титули во тешка категорија боксуваа светскиот шампион на WBA (Super), IBO и IBF во супертешка категорија, Британецот Ентони Џошуа, и носителот на појасот на WBO Новозеланѓанинот Џозеф Паркер. Џошуа на поени го совлада Паркер.

Сега рускиот боксер е задолжителен кандидат за меч за светската круна со Ентони Џошуа.

Интересен е коментарот на потпретседателот на руската влада Дмитриј Рогозин, кој по повод на овој нокаут напиша на „Фејсбук“: „И јас сум уверен дека на нив не треба да им се одговара со зборови“.