Видео: Срушена злогласната „Кула на смртта“ во руски Екатеринбург

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Недовршената кула во Екатеринбург го доби својот злокобен прекар по цела серија самоубиства.

Изградбата на кулата во Екатеринбург (1755 км источно од Москва) е почната на почетокот на 1980-те, а привремено запрена 1991 година кога неколку луѓе загинуваат по скокање од недовршениот објект.

Кулата е конечно урната на 24 март. Поединци беа против уривањето на кулата и покрај тоа што објектот го биеше лош глас.

Многумина граѓани, пак, беа задоволни и ја дочекаа експлозијата со аплауз.  

Прочитајте повеќе: Руски „руфери“ се обидуваат да го спречат рушењето на „Кулата на смртта“ во Екатеринбург