Мистериозна топка веќе 4 години плови во езерото во Екатеринбург

Жителите на Екатеринбург не знаат што оваа топка треба да претставува и зошто од година на година ја менува својата местоположба.

Жителите на Екатеринбург не знаат што оваа топка треба да претставува и зошто од година на година ја менува својата местоположба.

ekb-room
Приказната за необичниот објект што плови во градското езеро првпат се појави 2014 година.

Веќе 4 години никој не знае што претставува таа топка и зошто се преместува во езерото, а локалните власти наводно планирале да ја отстранат. Се појавија неколку теории. Некои тврдат дека се работи за ресторан за ориентална храна, додека други велат дека тоа е реклама за Светското првенство во фудбал 2018 година и дека ќе дојде време кога ќе биде пребојадисана во фудбалска топка.

Но, најинтересно е тоа што на топката пишува дека се работи за полициско одделение. За да изгледа целата работа уште позаплеткана, одделението не е обично. Се работи за штаб на Интернационалната полициска асоцијација (IPA), најголемото на светот здружение на активни и пензионирани полицајци, а негови членови се и американскиот актер и руски државјанин Стивен Сигал, како и поранешниот апсолутен шампион на светот во бокс Костја Дзју. 

„Во оваа топка престојуваат некои луѓе кои стануваат нервозни кога минувачите почнуваат да го разгледуваат необичниот објект“, вели репортер на порталот Znak.com.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња