„Подобро да ја срушите нашата барака“
Донат Сорокин/TASSНоќта на 23 март на недоградената (од 1980-те години!) ТВ-кула во Екатеринбург се искачија луѓе кои се против нејзиното рушење, таканаречените „руфери“, млади луѓе кои сакаат да го минуваат времето на покривите. На кулата се искачија најмалку четворица руфери, останатите ги запре обезбедувањето. Еден од оние кои успеаја до врвот потоа скокна од кулата со падобран.
Активистите поминаа на врвот повеќе од седум часа, пренесуваат локалните медиуми. Руферите планираа да останат таму со денови, но времето е лошо, вее снег и студено е, а обезбедувањето им одзеде сѐ што понесоа со себе за да „престојуваат“ на покривот на кулата.
Недоградената ТВ-кула според планот ќе почнат да ја уриваат на 24 март во 9 часот наутро за да на истото место се изгради спортска арена за хокеарскиот клуб „Автомобилист“.
Вечерта на 22 март неколку стотици жители на Екатеринбург учествуваа во акцијата „Прегрни ја ТВ-кулата“ и направи прстен долг еден километар.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче