Екатеринбург - срцето на Евроазија

Екатеринбург, град на „меѓа“ помеѓу два света - Европа и Азија.


Eкатеринбург е четврт град по големина во Русија. Лоциран е во средината на евроазискиот континент, точно таму каде се допираат Европа и Азија. Основан е во 1723 година, а името го добил според сопругата на царот Петар Велики, Катарина I. Во периодот помеѓу 1924 и 1991 градот го носеше името Свердловск, според еден од водачите на Комунистичката партија на СССР, Јаков Свердлов. За време на Втората светска војна бројни државни технички институции и цели фабрики биле преместени во Екатеринбург. Градот познат и по своите театри и претставува важен центар на руската драмска уметност. Тој е седиште на „Нова драма" - движење на современите руски драматурзи. Една од знаменитостите на градот е храмот на Сите Светци, подигнат на местото каде последниот руски цар Николај II е стрелан со своето семејство во времето на Граѓанската војна.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња