Руската лизгачка Алина Загитова признава дека има проблеми поради процесот на растење

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Олимписката шампионка во уметничко лизгање, Русинката Алина Загитова се соочува со проблеми на растот, но тренерите стручно ѝ помагаат во таа ситуација. Ова 15-годишната спортистка го изјави за новинарите по изведбата на кратката програма на Светското првенство во Милано.

„Малку пораснав, имам извесни тешкотии“, изјави Загитова. „Но тренерите и јас гледаме што и како треба да се промени во техниката и тоа ми помага. Кога зборуваат дека се појавува некаква дебела задница која ми пречи, тоа се измислици. Едноставно морам да се контролирам и да јадам помалку. Јас јадам, но во мали количини“, рече руската спортистка.

Загитова по кратката програма го зазема второто место на табелата на Светското првенство 2018.

Прочитајте која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?