Алина Загитова
Reuters„Добивам бројни реакции на коментарите по повод Загитова, затоа сакам да го повторам она што веќе го кажав еднаш. Не мислам дека пренатрупаноста на настапот со скокови нужно води до уметничка и избалансирана програма. Не можам да ја наречам импресивна програмата во која сите скокови се сместени на нејзиниот крај“, рече Вагнер.
Како што истакна таа, таквите програми во спортот со кој се занимава се потполно легитимни.
„Тоа се фрапантни технички подвизи, но јас мислам дека го убиваат уметничкото доживување кое јас го сакам во лизгањето. Со голема почит се однесувам спрема тоа како младата спортистка го освои златото на Олимпијадата.
Секој има право на свое мислење, меѓутоа, јас го ценам секој спортист кој успеа да се носи со притисокот на Олимписките игри. Ѝ честитам на младата спортистка, тоа е импресивен успех“, наведе Американката.
„Сите забелешки беа изречени пред слободната програма и јас постојано ја фалев нејзината техника и ја ценев успешната стратегија. Тоа не беа емоции, тоа беше моето мислење и ништо друго немав на ум“, напиша Вагнер на „Твитер“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче