Алина Загитова (десно) и Евгенија Медведева (лево), Зимски олимписки игри Пјонгчанг 2018, Јужна Кореја.
Jon Olav Nesvold/ZUMAPRESS.com/Global Look PressЗлатниот медал во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг го освои 15-годишната Русинка Алина Загитова. Среброто `и припадна исто така на Русинка - 18-годишната Евгенија Медведева. Во финалниот настап двете освоија ист број бодови, но во вкупниот збир Загитова имаше само еден бод повеќе.
Ова е второто олимписко злато во индивидуална конкуренција во историјата на руското уметничко лизгање (првото го освои Аделина Сотникова во Сочи 2014 година), а на оваа Олимпијада во Пјонгчанг ова е прв златен медал за руските репрезентативци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче