Загитова ѝ одговори на американска лизгачка: „Нека се обиде да ја изведе мојата програма”

Global Look Press
Олимписката шампионка од Пјонгчанг Алина Загитова изјави дека ја слушнала изјавата на американската лизгачка Ешли Вагнер. Според руската лизгачка, нејзините зборови само ја осоколиле.

Незадоволство на Вагнер го предизвикала стратегијата на настапот на 15-годишната шампионка, која сите тешки скокови ги изведе во вториот дел од програмата, кога тие носат значително повеќе бодови отколку кога се изведуваат на почетокот на настапот: „Го почитувам натпреварувачкиот пристап. Но не можам да прифатам таков метод. Тоа не е програма“, напиша Ешли на социјалните мрежи. „Таа го потроши целото време на почетокот, а потоа во втората половина на програмата само изведуваше скокови. Тоа не е настап. Сфаќам дека системот на судење го дозволува тоа, но тоа не е суштината на уметничкото лизгање. Се согласуваме дека е тоа таква стратегија.  Не го критикувам она што таа го прави заради успех, само што мене тоа не ми се допаѓа“.

Загитова изјави дека е запознаена со зборовите на американската лизгачка и дека тие само ја осоколиле. „Уште повеќе сакам да докажам дека не е во право. Но на луѓе како што е таа, се разбира, ништо не може да им се докаже. Нека се обиде да настапи на Олимписките игри со идентична програма. И јас со задоволство ќе го погледнам нејзиниот настап. Но потоа нема ништо да коментирам“, рече Загитова.

Таа додаде дека секој има право да го изнесе своето мислење, но притоа треба да има такт и да се држи во рамките на пристојноста.

Руската лизгачка ги коментираше и критиките кои се појавија во јавноста за сметка на системот на бодување во уметничкото лизгање кој им дава предност на помладите спортистки поради нивната физичка надмоќ.

„Денес уметничкото лизгање се развива многу брзо. Не стигнав ни да ги завршам своите настапи на јуниорско ниво, а веќе во редица зад мене стоеја нови лизгачки кои само ја чекаа својата шанса. Ќе поминат уште неколку години и нив ќе ги замени следната генерација, а потоа ќе дојде уште една. Ќе дојде време кога ќе почнам да размислувам како Вагнер и другите критичари. Што да се каже кога во нашата група веќе има девојчиња кои изведуваат четирикратни скокови. Но јас ќе се трудам да останам што подолго во игра“, рече новата олимписка шампионка. Таа додаде дека не смета дека е неопходно да се менуваат правилата за бодување.

Погледнете која е новата руска ѕвезда на уметничкото лизгање?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња