На новиот позлатен од сите страни смартфон се гледа Кремљ, грбот на Русија, а околу портретот на претседателот на англиски пишува „Златната доба на Владимир Путин“ (The Golden Age of Vladimir Putin).
Тука се и зборовите на Владимир Путин, се разбира, на руски: „Настроени сме за најдобрата иднина и ќе се избориме за неа“.
Целосно позлатениот iPhone ателјето Caviar прави првпат од 2015 година.
Тоа е најдобриот златен претседателски телефон, велат дизајнерите на брендот Caviar. Телефонот ќе биде пуштен во продажба денес, 20 март, по цена од 269000 рубли (околу 3800 евра).