Патник го тужи „Аерофлот“ поради шушкање на целофан

Наталија Селивјорстова/RIA Novosti
Тој тврди дека не можел да спие во текот на летот, а недостигот на сон ги нарушил неговите преговарачки способности.

Лев Левченко, жител на Сочи, го тужи рускиот авиопревозник „Аерофлот“ затоа што не можел да заспие во текот на лет, пренесуваат медиумите.

Причина за несоницата било неподносливото шушкање на амбалажата во која е спакувана храната што им се дели на патниците во текот на летот. Како што наведува Левченко во описот на неговата работа, тој понекогаш има и по неколку летови дневно и недостигот на сон им нанел штета на неговите деловни вештини (преговарањето).

Тој бара отштета од 999999 рубли (околу 17000 американски долари), но и да се замени целофанот на пакувањето на храната кој произведува толку несносен звук на шушкање.

И додека „Аерофлот“ не знае ништо за тужбата, претставник на Пресненскиот суд во Москва изјави дека тужбата пристигнала  дека судијата има пет дена да донесе одлука дали ќе ја земе за разгледување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња