Фотографии: Локален руски весник им го возвраќа ударот на холивудските ѕвезди

Со години холивудските познати лица се фотографираа со примероци на еден чуден весник од еден малку познат руски град. Сега весникот го возвраќа ударот во холивудски стил.

Пребарајте на „Гугл“ „Копејски Рабочиј“ (Копејски работник) и резултатите од пребарувањето ќе ве вчудовидат: фотографии од Џони Деп, Ема Вотсон, Леонардо Ди Каприо и други фаци од Холивуд читаат чуден руски весник.

Малата публикација се стекна со 5 минути слава благодарение на среќниот брак меѓу една локална жена и холивудски продуцент. Тоа започна како ПР трик од страна на американскиот продуцент и неочекувано стана вирално во Русија.

Седиштето на весникот има незабележителен главен влез.

Еве го ентериерот на седиштето: долг ходник со мали канцеларии на двете страни.

Главниот и одговорен уредник Анна Викалик изгледа како Кејт Хадсон!

Весникот се дистрибуира само во гратчето Копејск. Овде, Александар Буканин, менаџер на веб-сајтот, држи копија со Морган Фримен на насловната страница.

Атмосферата во малата канцеларија на весникот е многу жива и покрај нејзината големина. Еве ја Александра Ахрјапина, уметничкиот уредник.

Весникот се печати двапати неделно. Тиражот е 7000 примероци. Светлана Полежаева, кореспондент, позира со копија на која е прикажан Бен Афлек на насловната страница.

Персоналот се состои од 15 луѓе. Сметководителот Олга Скороднова држи копија со Харисон Форд и лажен наслов на филм со Индијана Џонс.  

„Не гледам причина зошто би се расправале со владата, но ние никогаш не ги игнорираме постојните проблеми“, вели главниот и одговорен уредник Анна Викалик. Еве фотографија со кореспондентот Алексеј Самаев како го имитира Мет Дејмон.

Весникот со занимава со известување за локалните проблеми и од животот во гратчето внимателно се прави хроника. Елена Екимова, шефица на одделот за реклама, со нејзиниот свесен за животната средина и „партнер во размислувањето“ на насловната страница.

Малиот весник има долга историја. Почна во 1930 година како комунистичко гласило. На оваа фотографија, Олга Баран, менаџер, држи примерок со Том Хенкс на насловната страница.

На некои членови на персоналот не им е многу удобно да се фотографираат. Ирина Махнина, лектор.

На оваа слика е Анастаија Бодоловскаја, менаџер на одделот за претплата.

Малото издание има свој возач со име што звучи британски. Денис Мур се согласи на многу кратка сесија со примерок бидејќи многу му се брзаше.

Прочитајте повеќе: Русија во очите на Холивуд

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња