Руски војник си подгреа оброк и запали воен транспортер кој чини 500000 долари

Дмитриј Виноградов/Sputnik
Војникот се обиде да подгрее некакви конзерви со храна, но место тоа успеа некако да го уништи оклопното возило. Сега служи 6 месеци во дисциплински баталјон.

На „Јутјуб“ се појави снимка која прикажува еден руски војник во мошне растроена состојба. Тој нервозно разговара со група луѓе (веројатно неговите претпоставени) чии лица не се гледаат. Благо кажано, тие не се расположени и тоа со причина. Овој војник по име Семјон Мережников штотуку запалил оклопен транспортер откако се обидел да подгрее конзерви со храна на оган. Нешто очигледно тргнало во лош правец.

Дијалогот почнува вака (во превод од налутен руски):

- Гледај во мене, ***! Како ти *** случи, можеш ли да ми објасниш ****?!

- Сакав да го подгреам јадењето…

- Каде **** сакаше да го подгрееш?!

- Овде... Само се обидов да ставам малку трева на огнот.  

Во позадината викаат луѓе. Потоа се слушаат уште пцости. Меѓутоа, тоа не ја менува ситуацијата: оклопниот транспортер (кој чини 500000 долари) се гледа како гори во далечина. Тоа сигурно бил најскапиот ручек на Мережников.

Иако видеото штотуку се појави на „Јутјуб“, несреќата се случила во мај 2017 година. Во септември 2017 година воениот суд го осуди Мережников на шест месеци во дисциплински баталјон. Кога следниот пат ќе види кибрит, сигурно добро ќе размисли пред да го употреби.

Проверете зошто во Русија тенкот секогаш има предност на автопат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња