Како изгледа „авто-аларм” на руски начин?

Николај Гингазов/Global Look Press
На социјалните мрежи се појави фотографија од иновативниот систем за заштита на автомобили од кражба кој го врзува автомобилот со куќа.

На социјалните мрежи привлекува внимание фотографија направена во Брјанск на улицата „Роман Брјански“. На неа е забележано како сопственик на скапо теренско возило го врзал својот автомобил за терасата на својот стан.

Некои корисници на социјалните мрежи претпоставуваат дека на тој начин сопственикот ја полни батеријата на својот електричен автомобил „Тесла Модел 32”.

За жал, вистинските мотиви на сопственикот на автомобилот остануваат непознати.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња