Деновите поминати во КГБ на претседателот на Русија Владимир Путин му помогнале во граѓанската сфера, изјави шефот на руската држава во текот на интервјуто со Мегин Кели од Ен-Би-Си.
Путин објасни дека вештините со кои се здобил додека работел за тајната служба на Советскиот Сојуз му се нашле од полза додека бил асистент за меѓународни работи на ректорот на Универзитетот „Санкт Петербург“ и советник за меѓународни прашања на градоначалникот Анатолиј Собчак. Претседателот на Русија не можеше да каже дали тоа било применливо кога се работи за здобивање со предност во однос на лидерите на другите земји.
„Тешко е да се каже. Немам друго искуство. Единственото што го знам е дека моите партнери, шефовите на држави, влади, се исклучително извонредни луѓе. Тие поминаа низ огромен процес на селекција и беа избрани. На ова ниво нема среќни луѓе и секој од нив има свои предности над другите“, изјави тој.