Путин за својата работа во КГБ

Рускиот претседател истакна дека неговата работа во КГБ била пред сè поврзана за тајната разузнавачка служба.

Претседателот на Русија Владимир Путин рече дека неговата работа во КГБ била поврзана за тајната разузнавачка служба.

„Целата моја работа во органите на надворешната разузнавачка служба на СССР не беше поврзана едноставно со Надворешната разузнавачка служба, ами токму со тајната служба“, рече Путин во интервју за каналот Росија 1, а пренесува RT.

Претседателот истакна дека знае какви луѓе работат во тајната служба.

„Тоа се посебни луѓе, со посебни квалитети, посебни убедувања, тоа се луѓе со посебен карактер. Не може секој да се откаже од својот секојдневен живот, од своето семејство, од пријателите и да ја напушти земјата на многу-многу години, и да го посвети својот живот на служење на татковината. Тоа го можат само избрани“, истакна Путин.

Шефот на руската држава исто така им посака среќа на руските тајни агенти кои се моментално активни.

Путин во периодот од 1985 до 1990 година по линија на Првата главна управа на КГБ, која е одговорна за надворешното разузнавање, работел во Дрезден како директор на локалниот Дом на пријателството на СССР и ГДР.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња