Со текот на годините сѐ повеќе и повеќе парови и семејства ја поддржуваат идејата за еднаква поделба на обврските.
Наталија Селиверстова/SputnikСпоред Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) – кој ја спроведе анкетата меѓу руски семејства и парови – огромното мнозинство од испитаниците сметаат дека мажите и жените треба да ги делат домашните обврски и одлуки.
82% од испитаниците ја поддржуваат идејата, а 72% одговориле дека веќе го прават тоа. Ова е огромен пораст во споредба со 2009 година, кога само 34% од анкетираните го делеа истото гледиште.
Истражувачите истакнуваат дека на повеќето домашни обврски (чувањето на децата, купувањето храна, чистењето и сл.) се гледа како на обврски за двата пола. Исклучок се само поправките и перењето – нив ги сметаат дека се соодветни за мажите (поправките), односно за жените (перењето).
Како и да е, во пракса нештата се поинакви. Според истата анкета, жените во Русија сѐ уште претежно се грижат не само за перењето (72%), туку за готвењето (57%) и пеглањето (63%). Сепак, ВЦИОМ нагласува дека се случуваат позитивни промени - со текот на годините сѐ повеќе луѓе тврдат дека сега ги делат домашните обврски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.