„Сакам да ви оддадам посебно признание за тоа што со оперативните контраразузнавачки дејствија и мерки ефикасно го прикривте развојот на нашите амбициозни проекти од сферата на одбраната и безбедноста. Сакам во оваа пригода да ви се заблагодарам вам, но и на останатите субјекти кои учествуваа во овој голем проект“, рече Путин на колегиумот на ФСБ при разговорот на темата поврзана со новите видови вооружување кои ќе го красат арсеналот на руската армија.
На 1 март 2018 година Владимир Владимирович Путин одржа исклучително важен говор пред пратениците на Федералното собрание, каде ги претстави најновите типови руско стратешко вооружување кои одат пред своето време и од кои практично нема одбрана. Притоа тој истакна дека значителниот технолошки напредок во овладувањето на новата генерација ракети за стратешка намена не треба никого да загрижува. Тоа е првенствено наменето за одбрана на Русија и од денес тоа постепено ќе влегува во оперативниот состав на руската армија. Рускиот претседател притоа соопшти дека во состав на стратешките нуклеарни сили влегле околу 80 нови интерконтинентални балистички ракети, 102 интерконтинентални балистички ракети со поводно базирање и три атомски подморници за стратешка намена од класата „Бореј“.