Германските медиуми за финалето на ОИ-2018 во хокеј: „Никогаш не сме загубиле толку сјајно“

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Германскиот весник „Билт“ објави статија за поразот на хокеарската репрезентација на Германија во финалето на Олимпијадата под наслов „Никогаш не сме загубиле толку сјајно“.

Во текстот се истакнува дека германската хокеарска репрезентација никогаш претходно не била „толку сјајно“ поразена. Весникот пишува дека Германците „покажаа исклучителна игра“ во мечот „против главниот фаворит“, соопштува „Спорт-Експрес“, а пренесува порталот „Взгљад“.

Влегувањето на Германија во финалето беше вистинска сензација. Германците во четвртфиналето ја победија Шведска, а во полуфиналето Канада.

Во неделата германската репрезентација во финалето 55 секунди пред крајот на мечот водеше со 3:2, но Русите изедначија иако имаа играч помалку, а во продолжението се изборија за победа.

Прочитаје повеќе: Руските хокеари ја победија Германија и станаа олимписки шампиони првпат по 1992 година