Гладијатори на 21 век: Најопасните руски ММА борци во акција

Начин на живеење
НИКОЛАЈ ШЕВЧЕНКО
Нурмагомедов, Емелјаненко и другите легендарни ММА борци покажуваат што умеат.

#1 Хабиб Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов е единствениот руски ММА борец на официјалната ранг-листа на UFC лигата, каде го зазема второто место во лесна категорија.

Прекарот му е „Орел“. Кога имал 12 години татко му почнал да го обучува во џудо и борење. Денес неговите моќни удари се поопасни од неговите смртоносни зафати.

Нурмагомедов нема ниту еден пораз, а има 25, што е беспрекорен професионален рекорд.

Еве ги најдобрите минатогодишни удари и зафати на Нурмагомедов.

#2 Фјодор Емелјаненко

Овој познат руски борец во тешка категорија се сметаа за најголемиот мајстор ММА на сите времиња. Таа почесна титула е релативна во смисла што Емелјаненко никогаш се нема борено во американската UFC лига но, од друга страна, е фактот дека „последниот император“ влезе во историјата како најголем мајстор на мешани боречки вештини.

Во 2015 година тој го најави своето враќање во рингот по тригодишна пауза. Следната борба на Емелјаненко е против Френк Мир во април 2018 година.

Погледнете го великанот на овој спорт на дело.

#3 Александар Шлеменко

Познат е под прекарот „Шторм“ („Олуја“). Неговиот професионален рекорд е 56 победи и 10 порази, што значи дека тој е многу искусен и покрај тоа што има само 33 години.

Обучен е во вештината која Русите ја нарекуваат „армиско тупаничење“. Поради тоа Шлеменко има многу тежок удар кој го има применето многупати. Во октомври 2008 година дебитираше во САД на „Шоутајм“.

Погледнете ги тие разорни Штормови удари.

#4 Сергеј Харитонов

Харитонов е професионален ММА борец, а истовремено е и активно воено лице – служи во рускиот десантно-падобрански полк. Затоа во круговите на ММА го доби прекарот „рускиот прадобранец“. За да го заплаши противникот тој влегува во рингот во падобранска униформа, а потоа напаѓа брзо како во вистинска битка.

Погледнете што прави „Падобранецот“.

#5 Рустам Хабилов

Хабилов е од Дагестан на југот на Русија, но се натпреварува како жител на Њу Мексико откако во 2012 година влезе во лесната категорија на UFC лигата. Познат е под прекарот „Тигар“. Неговиот професионален рекорд во ММА е 22 победи и 3 порази, што значи дека тој е еден од најопасните противници во својата категорија.

Овде можете да ги погледнете најдобрите потези на Хабилов.

Прочитајте повеќе: Благословена тупаница