Благословена тупаница

Архимандритот Силвестар со осојувачите на златните медали во кик-бокс на Првотосветско првенство во боречки вештини, Пекинг 2010. Извор: rostov-monastir.ru.

Архимандритот Силвестар со осојувачите на златните медали во кик-бокс на Првотосветско првенство во боречки вештини, Пекинг 2010. Извор: rostov-monastir.ru.

Боречките вештини стануваат сѐ популарни во Руската православна црква. Дали православните свештеници се на добар пат да ја затемнат славата на рускиот монах-војник Пересвет и воинствените жители на храмовите на Шаолин?

Многумина беа зачудени од учеството на патријархот Кирил и на другите свештенослужители на РПЦ на презентацијата на книга за џудо одржана минататанедела. Вртење на рацете со татами, аперкати во рингот и „туш‘‘ во боречкиот ринг,публиката тешко ги доведува во врска со традиционалните христијански вредности. Но, сепак, токму боречките вештини последниве години станаа мошне популарнимеѓу христијанските свештеници во Русија. „Московски новости‘‘ поразговараа сонеколкумина свештенослужители кои активно промовираат различни боречки вештини.

Свештенството на РПЦ нема единствен став кон професионалниот спорт. Едни велат декатоа е „извор на грев‘‘, а други го благословуваат излегувањето на ринг. Но, на аматерскониво, православните свештеници се на добар пат да ја затемнат славата на рускиот монах-војник Пересвет и на воинствените жители на храмовите на Шаолин.

 

Црн појас и карактер

Архимандритот Силвестар Лукашенко, најстојник на храмот свети маченик Андреј Стратилат во селото Сулост во Јарославската област, на изминатата Олимпијада во Лондон беше духовник на целата руска репрезентација. Овој свештеник дебитираше наполето на спортското „капеланство‘‘ пред две години, на Светскиот натпревар во боречки вештини во Пекинг.Тпа е сосема логично, зашто отец Силвестар има црн појас (петтидан) во една од верзиите на теквондо и е потпретседател на регионалното одделениена Сојузот на боречки вештини на Русија. „Кога бев млад сериозно се занимавав соатлетика, но и тогаш над креветот ми беа закачени боксерските ракавици‘‘, изјавуватој за „Московски новости‘‘. „Татко ми имаше голема желба да бидам способен да сеодбранам во секојдневниот живот и затоа ме учеше на основите на боксот. Со теквондозапочнав да се занимавам неодамна, кога веќе имав облечено мантија. Не гледам ништонеприродно во тоа.‘‘

Овој свештеник уверува дека професионалниот спорт и боречките вештини не се воспротивност со основните постулати на неговата вера. „Секој спорт правилно го гради човековиот карактер. Денес тоа е еден од основните начини нашата младина да се сочуваод пороците. Успесите на професионалните спортисти се стимул за масовно занимавањесо спорт. Уверен сум дека истото мислење го дели и нашиот патријарх, инаку тешко декаќе добиев благослов да заминам во Лондон‘‘, вели отец Силвестар.

 

Борбата како метафора 

Мислењето на отец Силвестар го дели и настојникот на московскиот храм Свети Николајво Троекурово, отец Александар (Немченко). Меѓу своите колеги по мантија, по сѐизгледа, има највисока спортска титула: кон крајот на осумдесетите станал мајсторво борење во слободен стил. И денес тој секојдневно се труди да ја задржи не самодуховната, ами и спортската форма. „Вежбам на направи, се занимавам со јога, понекогашодам на сперинг‘‘, вели тој. „Кога станав свештеник борењето за мене стана своевидна метафора, како некој непрекинат двобој со своите човечки страсти‘‘.

Од 2000 година при храмот работи Центар за рехабилитација на поранешни затворениции за помош на адолесценти и наркомани. Велат дека тоа е можеби прв таков центар вонашата земја. Тука секогаш има педесетина луѓе на кои им е потребно закрепнување, иотец Александар смета дека занимавањето со спорт е еден од начините тие да се вратат вонормален живот.

 

Бокс по благослов

Зесега само еден професионален свештеник професионално се занимава со боречкивештини. Тоа е отец Сергиј Акимов. Тој служи во Нелидовската парохија при храмот наБиликинската икона на Пресвета Богородица во Тверската област. Во мај оваа година отецСергиј за првпат излезе на професионалниот ринг. Го изгуби мечот, и можно е дека тоа ќебиде единствениот негов професионален настап. „Сепак, веќе имам 34 години‘, вели отецСергиј за „Московски новости‘‘. „А, и жена ми е против тоа, вели дека многу се грижи замене. Во свое време бев мошне успешен во аматерскиот бокс, додјов до звањето мајсторна спортот, а бив блиску до звањето мајстор од меѓународна класа. Да бидам искрен,излегов на професионалниот ринг заради пари. Нашата парохија е сиромашна.‘‘

Во септември отец Сергиј повторно ја отвори секцијата за бокс во парохијата. Предтренинзите сите се прекрстуваат и ги прават ритуалите. Во секцијата се примаат децанезависно од вероисповеста. „Зе сево ова имам благослов, инаку не би продолжил дабоксувам‘‘, вели свештеникот-боксер.

 

Витези – тоа сме ние

Има и поинакви мислења. Јеромонахот Теоктист Петров, творец на системот на боречкивештини „Светоруско витештво“, вели дека професионалниот спорт е „извор на гревот‘‘.Според него, витештвото е систем на ракување со сите видови оружје и вештини наборба без оружје, како и на борба без оружје против вооружен противник. Отец Теоктисттврди дека сите називи на зафати и техники имаат староруски корен. Сето тоа се учи воцентарот „Витешка слобода‘‘, кој се наоѓа во Самарската област.

„Во нашиот случај целта е учење боречки вештини исклучиво за одбрана на верата ина православната татковина‘‘, вели отецот Теоктист за „Московски новости‘‘. „Тоа есвето и богоугодно дело. Ние не сакаме да имаме никакаква врска со спортот, особеноне со професионалниот. Штом некој се издвои како најдобар, тој веднаш започнува да јапокажува својата гордост и грубост, а тоа се пороци. Заради тоа натпреварувачкиот дух еисфрлен од нашиот систем на боречки вештини. Не е грев да се примени сила во име навиши цели, но е грев ако тоа се прави за забава‘‘.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња