Советската боречка вештина го слави 75-тиот роденден

Извор: РИА Новости

Извор: РИА Новости

Од 22 до 24 ноември во Санкт Петербург беше одржано Светското првенство во самбо, боречка вештина што настана во Советскиот Сојуз во текот на триесеттите години од минатиот век. Оваа година самбото, најпопуларната боречка вештина во Русија, слави два јубилеја – 75 години од постоењето и 40 години од првото светско првенство во самбо, одржано во Техеран 1973 година.

Турнирот во Санкт Петербург беше рекорден и по бројот на земјите-учеснички и по бројот на спортисти што се бореа за медал. Во градот на Нева се собраа околу 600 самбисти од 75 земји од светот. 

Во Русија самбото е најпопуларна боречка вештина. Таа е создадена со синтеза на многу правци, меѓу кои и џудото. Денес во Русија самбо тренираат повеќе од 410 илјади луѓе. Во ниту една земја нема толку самбисти што тренираат редовно. Како што се Јапонците творци на џудото, така и ние сме творци на џамбото, што значи дека долго можеме да бидеме на врвот, вели Василиј Шестаков, претседател на Меѓународната федерација на самбо (FIAS). Во тој контекст особено чуди фактот дека оваа боречка вештина сѐ уште не е вклучена во олимписката програма. 

Самбото службено настанало во 1938 година, но тешко може да се каже кој го има создадено. За службен творец на самбото се смета Анатолиј Харлампиев. Неговата книга „Боречката вештина самбо“ се смета за прв зборник упатства за оваа боречка вештина. Од друга страна, се смета дека творец на борбеното самбо е Виктор Спиридонов, а дека Виктор Ошчепков е основач на спортската дисциплина. 

Спиридонов пред Револуцијата бил капетан од втора класа во царската армија. Учествувал во Руско-јапонската и во Првата светска војна. Тој во дваесеттите години од минатиот век го втемелил овој нов синтетички систем. „Вештината на самоодбрана помага да однесете победа со сите расположливи средства (...), па од други системи морате да преземете сѐ што е корисно, кога тоа веќе носи победа“, има напишано тој. 


Еден од зафатите во самбо. Фотографија од слободни извори.

Виктор Спиридонов долго време работел во Народниот комесаријат за внатрешни работи, а во новиот систем за него најважна била практичната примена во воените и во полициските структури. Тој оваа вештина ја култивирал како затворен систем, наменет само за претставниците на вооружените сили. Од овој систем се развил борбениот самбо, кој до неодамна им беше достапен само на неколкумина. Спиридонов во голема мера ги користел најдобрите достигнувања на системот за самоодбрана на народите на СССР и џиуџицу, а вовел и зафати позајмени од борењето во слободен и во грчко-римски стил, дури и оние што во овие дисциплини се забранети. Позајмил удари од англискиот и од францускиот бокс, „стихијни удари“, па дури и оние што во тие години биле познати меѓу криминалците.

Видовите зафати јасно сведочат за тоа дека во самбото има преземено многу од националните боречки вештини, конкретно од грузинските, од осетинските и од казашките. Фаќањето за појас изворно не постоело во џудото, тоа дошло од руското и од татарското борење со појаси.  

За службен творец на самбото се смета Анатолиј Харлампиев. Неговата книга „Боречката вештина самбо“ се смета за прв зборник упатства за оваа боречка вештина. Од друга страна, се смета дека творец на борбеното самбо е Виктор Спиридонов, а дека Виктор Ошчепков е основач на спортската дисциплина.

Ошчепков од 1911 до 1914 учел џудо во џудо-институтот Кодокан кај Јигоро Кано и добил црн појас втор дан. Совладал неколку стила во ву шу и знаел не само англиски туку и француски бокс, во кој се дозволени удари и со раце и со нозе. 

Основачите на руското самбо без сомнеж ја засилија универзалната практична компонента на борбата. За разлика од џиуџицуто и џудото, каде што се сметало дека „секој зафат во сите услови успева“, тие за случаите за неуспешен зафат имаат смислено начини за моментален премин на следниот зафат. 

Второто начело на самбото е фокус на принципот, не на зафатот. Во џудото се пропишани строго определени движења за конкретен зафат, а во самбото се стимулира нивното користење и во други зафати и пози. Во џудото е забрането свиткувањето нога, а во самбото тоа е цел еден правец. 

Од педесеттите години од минатиот век во СССР самбото интензивно се развива како национална боречка вештина, а од 1972 година се организираат меѓународни натпревари. Меѓународниот олимписки одбор во 1981 година го вклучи самбото во олимписките спортови, а во јули 2013 година натпревари во самбо за првпат беа одржани на Универзијадата во Казањ. Но, оваа боречка вештина сѐ уште не е вклучена во програмата на Олимпијадата. 

„Работиме на тоа самбото да влезе во олимписката програма“, вели Василиј Шестаков. „Најмногу нѐ радува што оваа боречка вештина ги привлекува гледачите“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња