Првпат за 12 години: Руските хокеари се пласираа во полуфиналето на Олимпијадата во Пјонгчанг

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Хокеарската репрезентација на Русија на Олимписките игри во Јужна Кореа во четвртфиналниот натпревар ја победи екипата на Норвешка со резултат 6:1 и на тој начин се пласираше во полуфиналето на натпреварувањето.

Репрезентацијата на Русија извојува победа над екипата на Норвешка во четвртфиналниот натпревар на олимпискиот хокеарски турнир. Мечот заврши со резултат 6:1.

Во полуфиналето Русите ќе играат против тимот на Чешка кој претходно ја порази американската екипа со резултат 3:2. Натпреварот е на програмата на 23 февруари.

Погледнете како руските хокеари ги победија Американците на Олимпијадата во Пјонгчанг