Руската репрезентација доби нова опрема за Зимските олимписки игри 2018

Дмитриј Голубович /Global Look Press

Новата гардероба за членовите на руската олимписка репрезентација за прв пат беше прикажана на 29 новември. 

Целата облека за Олимписките игри 2018 во Јужна Кореја ја дизајнираше руската компанија Заспорт.

Новата колекција содржи 72 парчиња, од јакни, ракавици, шалови  па се до костими за капење и патни торби, сите во бојата на руското знаме и со симболите на Олимписките игри.

Дел на колекцијата е произведен во Италија, Турција и Кина. Кежуал гардеробата е произведена во Русија.

Зимските олимписки игри ќе се одржат во Пјонгчанг 9-25 февруари 2018 година. 

Меѓународниот олимписки комитет конечната одлука за тоа дали на Русија ќе ѝ биде дозволено да учествува ќе ја донесе на 5-ти декември.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња