Видео: Како руските хокеари ги победија Американците на Олимпијадата во Пјонгчанг

Американскиот хокеар Брок Литл и рускиот голман Василиј Кошечкин на натпреварот на Зимската олимпијада2018 во Пјонгчанг.

Американскиот хокеар Брок Литл и рускиот голман Василиј Кошечкин на натпреварот на Зимската олимпијада2018 во Пјонгчанг.

Brian Snyder/Reuters
Хокеарската репрезентација на Русија на Зимските олимписки игри ја победи репрезентацијата на САД со резултат 4:0 и на тој начин обезбеди директен влез во четвртфиналето.

Русите самоуверено постигнаа четири погодоци. По два гола дадоа Николај Прохоркин и Илја Коваљчук, наведува сервисот Myscore, а пренесува „Взгљад“.

Во претходниот натпревар Русите убедливо ја победија Словенија со резултат 8:2, додека првата средба со репрезентацијата на Словачка ја загубија (2:3).

Прочитајте повеќе: Руската фигуристка Евгенија Медведева постави нов светски рекорд на Зимските олимписки игри

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња