Анастасија Бризгалова
Getty Images„Дојдовме по олимписки медал, денеска се изборивме за него и сме пресреќни“, вели Бризгалова која ја освои и руската и светската публика можеби за нијанса повеќе со убавината отколку со карлингот. Таа има и голем натпреварувачки дух. Се слушна како им довикува на соперниците: Да не сте можеби првпат на мраз?!
Бризгалова (25) и нејзиниот сопруг живеат во Санкт Петербург. Заедно завршиле факултет за спорт и физичко воспитување.
Таа вели дека првпат се заинтересирала за карлингот во 2009 година, но и дека се мачела некое време откако мајка ѝ ја запишала во клуб, користе крпа пред да научи да ја држи в раце потребната опрема. „Се чинеше дека никогаш нема да научам да играм“, се потсетува таа.
Но, издржала. „Не сакав да ѝ кажам да мајка ми дека не можам. А и карактерот не ми дозволи да го сторам тоа“.
Анастасија се запознала со својот иден сопруг во 2009 година, но станале пар дури по три години. „Вежбавме на истиот терен, меѓутоа тренерите не ни дозволуваа да вежбаме заедно. Мислеа дека нашата врска лошо ќе влијае на резултатот“.
Во 2015 година Анастасија и Александар станаа партнери во карлинг и не чекаа долго за да го освојат првото злато. Година дена подоцна се изборија за злато на Светското првенство во Шведска.
Во јуни 2017 се венчаа и отпатуваа на меден месец далеку од ледените терени за карлинг...
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче