Русите со хумор реагираа на лансирањето на автомобилот на Илон Маск во вселената

Начин на живеење
ДАНИЕЛ ЧАЉАН
Лансирањето на тешката ракета „Фалкон“ на компанијата „СпејсЕкс“ ја разгоре фантазијата на луѓето на социјалните мрежи и стана хит на „Јутјуб“. Преносот на овој настан веќе има 2,3 милиони прегледи. Како што остатокот на интернет заедница, така ни Русите, се разбира, не ја пропуштија шансата да се забавуваат.

Не можете да ѝ побегнете на руската сообраќајна полиција, а ако имате „Тесла“, сигурно ви требаат и подлабоки џебови...

„Ало? Илон? Зошто сум во „Тесла“? Што се случува?”

„Без паника, Џеф...”

Можеме само да претпоставиме дека корисникот алудира на Џеф Безос, директорот и основач на компанијата „Амазон”, кој изгледа се нашол зад воланот по ненадејното губење на свеста...

„Реципрочен одговор” – масло на платно (2018)

Овде се споредува едноличниот руски урбан пејзаж со Марс. Многумина се согласија со споредбата...

Немојте да кажете дека сте го заборавиле „Страв и гадење во Лас Вегас”!

...секој кој бил во постсоветска Русија ги памети православните икони во таксијата и кај дивите превозници.  

„За да го лансира тешкиот „Фалкон“, Илон Маск потроши 500 милиони долари. Можеше да го купи „Челзи“, како Абрамович... Но, вселенско одело за кукла е вистинската работа. Требаа 3 години работа да се постигне тоа“.

Прочитајте повеќе: Путин: Лидерот во сферата на вештачката интелигенција ќе владее со светот