Русија е подготвена да конкурира на достигнувањата на компанијата SpaceX

Успесите на компанијата SpaceX навистина претставуваат важни технички достигнувања, притоа Русија има свои напредни проекти со кои може да конкурира во вселената, изјави портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Песков истакна дека Русија многу внимателно ги следи технолошките достигнувања во целиот свет. „Несомнено, веројатно, развојот на таквите технологии ќе го имаат предвид и стручњаците во нашата вселенска индустрија“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Тој истакна дека руската космичка корпорација „Роскосмос“ во овој момент минува низ трансформација и ја усовршува својата работа.

„Раководителот на „Роскосмос“ (Игор) во повеќе наврати го информираше претседателот за постоењето на исто така доволно напредни проекти и достигнувања на кои сега работат нашите стручњаци“, истакна тој.

Според Песков, во вселенската индустрија во моментов има мошне жестока конкуренција. Притоа постојат причини да се смета дека Русија може достојно да учествува во таа конкуренција, истакна тој.

Претходно првиот степен на ракетата-носач „Фалкон 9“ по повторното лансирање успешно се спушти на пловна платформа во Атлантскиот окан. Првиот човек на компанијата SpaceX Илон Маск го нарече настанот „револуција во вселенската индустрија“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња