Видеото го постави каналот „Directorate 4“ на сервисот „Telegram”.
„Последната битка на пилотот на Су-25СМ. Активираше бомба за да не им падне жив во рацете на терористите“, пишува на овој канал.
Рускиот јуришен авион Су-25 беше соборен од терористите со ракета „земја-воздух“. Настанот се случи на 3 февруари на подрачјето на селото Масеран во провинцијата Идлиб, кое моментално е под контрола на терористичката организација Ал Нусра. Пилотот се катапултираше и загина во борба со терористите.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека на подрачјето од каде е истрелана ракетата е извршен групен воздушен напад со високопрецизно оружје. Според соопштенијата пресретнати преку радиоврска, во нападот се убиени повеќе од 30 терористи.