Една жена во Североморск на многу оригинален начин му се освети на поранешниот сопруг, пренесуваат медиумите. Судот утврдил дека станот му припаѓа на сопругот и дека жената мора да го напушти. Меѓутоа, ѝ дозволиле да земе некои нешта.
Кога поранешниот сопруг и судскиот извршител дошле во договореното време да се уверат дека жената го напуштила станот, виделе дека на местото на влезната врата виси ќебе. Бившиот маж бил надвор од себе од бес и барал правда, но извршителот морал да му објасни дека судот сепак не одлучувал ништо во врска со вратата.