Во средата и четвртокот ноќта на небото над нашата планета се поклопија три различни астрономски феномени. Појавата позната како супер сина крвава месечина претставува комбинација од помрачувањето на месечината, супермесечина и крвава месечина. Ова последен пат видено на источната хемисфера 1982 година, додека западната хемисфера овој настан можела да го види пред повеќе од 150 години.
AP
Русија овој фантастичен призор можеше да го следи ноќта спрема четвртокот, а среќа имаа и љубителите на набљудувањето на небесните појави во Австралија, Азија и Северна Америка.
AP
Супермесечината може да се види кога е полна месечина во моментот кога се наоѓа најблиску до Земјата. Супермесечината може да биде 14% поголема и 30% посјајна од обичната полна месечина.
AP
Со оглед дека оваа супермесечина беше втората полна месечина во јануари, позната е под името сина месечина. Кога доаѓа до помрачување на месечината, се појавува и таканаречената сина месечина: топката станува портокалова, речиси темно црвена. Кога се се поклопуваат овие три појави, тоа е познато како супер сина крвава месечина.
AP
Иако поклопувањето на овие три појави е исклучителна реткост, НАСА соопшти дека нејзиното следно појавување нема да мораме премногу долго да го чекаме, само до 2037 година. А овде можете да ја погледнете и видеоснимката од овој прекрасен небесен феномен.