Секој соларен циклус има број, а ние сега ја достигнуваме најниската точка на 24 циклус на соларната активност.
PixabayПредвидувањето на активноста на Сонцето е следниот чекор во истражувањето на космосот, велат научниците. На врвот на активноста Сончевото магнетно поле е толку силно што ги брише галактичките космички зраци од нашиот соларен систем и така влијае на сите системи во орбитата што ги има направено човекот.
Научниците од московскиот Сколковски институт за технологија (Сколтех), Универзитетот во Грац и Кралската опсерваторија на Белгија развија метод кој овозможува предвидување на силата на следниот 11-годишен соларен циклус далеку повеќе однапред отколку што досегаш можеше да се очекува.
„Проучувањето на соларната активност е наука на иднината“, вели Татјана Подладчикова, професор во Сколтех и водечки автор на истражувањето. „Тоа е она што нѐ поврзува сите нас, ги прави нашите животи подобри и ни овозможува да водиме сметка за нашата планета“.
Секој соларен циклус има број и сега стигнуваме до најниската точка на 24 циклус на соларната активност. Кога сегашниот соларен циклус ќе го достигне врвот и магнетните полови на Сонцето ќе си ги заменат местата, ќе знаеме колку ќе биде силен следниот 11-годишен циклус.
Истражувањето откри дека соларната активност во фазата на опаѓање на циклусот влијае на силата на следниот циклус. Во фазата на опаѓање на Сонцето се појавува помал број на Сончеви дамки, кои можат да овозможат разбирање на активностите во текот на следниот циклус.
Според прогнозите, идната соларна активност ќе биде ниска, а силата на следниот, 25 циклус на соларната активност ќе биде уште послаба од сегашната. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот The Astrophysical Journal.
Дознајте исто така дали Земјата ја очекува мала ледена доба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче