Московјаните често сакаат да се жалат: премногу сообраќај, високи цени, преполн центар, жешко лето или премногу дожд (лете). И, сигурно, зимата е нешто поради што половина од нацијата паѓа во депресија.
Она што изненадува оваа сезона е дека првиот обилен снег падна во Москва дури при крајот на јануари. За време на викендот на 20-21 јануари градските улици конечно станаа бели, и иако е тешко за верување – на нерасположените московјани всушност тоа им се допадна!
„Ова е зимата што ја сакам“, беше од најпопуларните наслови на „Инстаграм“ додека луѓето објавуваа фотографии со снег – играње со снежни топки, возење санки и секакви други активности во снегот.
Досегашниот рекорд оваа зима беше 20 сантиметри високи снежни наноси, што е доволно дури и најмрзеливите да излезат од дома и да си ги протегнат нозете надвор. Додека возачите на автомобили продолжуваат да се жалат - еден човек не можеше да си го пронајде автомобилот прекриен со снег - други го поминаа викендот следејќи ги машините за чистење на снег кои се движеа по градските улици. Овие возачи на јавните комунални служби веројатно беа среќни што конечно можеа да имаат вистинска зимска работа.
Да прошетаме низ белата Москва од бајките, што ќе ве натера да ја засакате зимата и снегот колку што Русите ги сакаат (во умерени дози).

Михаил Мецел / TASS
Што е подобро од возење на санка со еден коњ? Можете да уживате во такво нешто без да го напуштите градот - во паркот Коломенское.

Вјачеслав Прокофјев / TASS
Најголемото лизгалиште во Европа, сместено во паркот од советско време ВДНХ, беше преполно.
Михаил Терешченко / TASS
Како и сите локални паркови.
Нина Зотина / Sputnik
Правење Снешко е она што секое дете во Русија учи да го прави уште од раѓање.
Виталиј Белоусов / Sputnik
А кога сте тинејџер, задолжително е да направите снежен замок!
Владимир Астапкович / Sputnik
Додека повеќето Руси не ги сакаат часовите по зимски спорт на училиште (затоа што мораат да одат надвор со скии), некои кога ќе пораснат тоа го прават доброволно.
Андреј Никеричев/Moskva Agency
Можеше да се вози сноуборд насекаде. Патем, дали знаете дека Москва ја нарекуваат „град на седум ридови“, исто како Рим?
Андреј Љубимов
Без коментар. Руси се лизгаат со руски автомобили.
Адреј Љубимов/Moskva Agency
Секое ритче или навев во дворот веднаш станува популарно лизгалиште.
Андреј Љубимов/Moskva Agency
Во советско време ако немавте соодветна ледјанка (сината направа што ја вози момчето) или санка, лесно можевте да го употребите вашиот ранец или парче картон.
TASS
Велосипедите не се нешто што често се гледа на руските улици во зима. Но, некои луѓе имаа снежно маунтин бајк искуство.
Додека московјаните уживаат во „пријатните“ температури од -10 Целзиусови степени, погледнете како сибирските девојки ја покажуваат својата замрзната шминка на -47 Целзиусови надвор.