„Аерофлот“ е главниот руски авиопревозник и затоа чувствува дека е должен храбро да се впушти во креативност, украсувајќи ги авионите на необичен начин. Во 2012 година компанија ја прославила 80-годишнината покажувајќи ѝ на публиката три разубавени патнички авиони.
Класичните орнаменти настанати со помош на техниката наречена „хохлома“ даваат неочекуван и неповторлив дизајн.

Legion Media
Ни компанијата не запре на тоа и минатата година организираше уште едно натпреварување за дизајнерите. „Аерофлот“ вети дека победничкиот предлог-дизајн ќе украси еден авион.
„Аерофлот“ не е единствената компанија која се обидува да ги забавува клиентите. Во 2015 година компанијата „Трансаеро“ наслика голем амурски тигар на еден од своите авиони како дел од кампањата за заштита на дивата природа. Леталото е познато како „авион на пруги“.
Јуриј Смитјук / TASS
Некои велат дека „авионот леопард“ не е толку привлечен како „тигарот“, но дизајнот секако заслужува внимание. Кој ви се допаѓа повеќе?
Виталиј Анков / Sputnik
Пред неколку години „Трансаеро“ организираше добротворна акција. Парите собрани за време на летот со овој авион се наменети за лекување на деца од различни болести. Со првиот лет на „авионот на надежта“ се собрани 150000 рубли ( 2650 долари).
Legion Media
Спортот исто така може да послужи како инспирација. Во 2016 година „Аерофлот“ украси авион со боите на фудбалскиот клуб ЦСКА и нацрта глава на коњ - заштитниот знак на клубот.
Максим Туманов / TASS
Во 2014 година „Руски авиолинии“ го украсија својот авион со боите на фудбалскиот клуб „Зенит“.
Алексеј Малгавко / Sputnik
Цвеќето е уште еден популарен украс. Вака изгледа авион на компанијата „Кубан Ерлајнс“.
Legion Media
Понекогаш се доволни какви било шарки. Важно е, можеби, да биде присутна црвената боја.
Георгиј Зимарев / Sputnik
Само две нијанси на зелена, но толку оригинално!
Stephan Goerlich / Global Look Press
„Хохлома“ е сепак најпопуларниот руски орнамент.
Legion Media
Погледнете и како изгледаа стјуардесите на „Аерофлот“ некогаш и сега.