Кој се грижи во авионите за вас: Како изгледаа стјуардесите на „Аерофлот“ некогаш и сега

Стјуардеси на „Аерофлот“ на Рускиот инвестициски форум 2017

Стјуардеси на „Аерофлот“ на Рускиот инвестициски форум 2017

Сергеј Савостјанов/TASS
Руските авиолинии попознати како „Аерофлот“ освоија минатата недела две меѓународни награди – „Најдобар бренд меѓу европските авиокомпании“ и „Најдобра бизнис-класа во Европа“. Тешко е да се поверува дека ваквиот успех би бил возможен без преубавите руски стјуардеси.

„Аерофлот“ е основан 1923 година, но првите стјуардеси се примени на работа дури 1930 година. Можеле да конкурираат само немажени жени, со одличен изглед и кондиција, високи до 162 сантиметри и тешки до 52 килограми.

1966.

Задачата на првите стјуардеси не била само да ги задоволат потребите на патниците и пилотите. Биле задолжени и за набавка на храната.

1978.

Како и денес, стјуардесите биле лицето на „Аерофлот“. Тие ја претставувале државата и нивната појава и однесувањето можеле да влијаат на мислењето на странците за земјата уште пред да слетаат.

1979.

Минатата година се воведени нови правила за тежината на стјуардесите и неколку од нив беа отпуштени од работа. Изби скандал. Жените ја тужеа компанијата за дискриминација, а Московскиот градски суд застана на нивна страна, но го обврза „Аерофлот“ да исплати ништожни 5000 рубли (85 долари).

1982.

Анкетата која се спроведува меѓу патниците докажува дека 92 отсто од испитаниците смета дека стјуардесите треба да бидат атрактивни, додека 82 отсто изјавиле дека вишокот килограми може да влијае на реакцијата на стјуардесите во итни ситуации.  

1983.

Не е лесно да изгледате феноменално додека се обидувате да задоволите сечии потреби. Некои патници знаат многу да бараат!  

1992.

Во 1991 године „Аерофлот“  го отвори својот учебен центар за професионалци во цивилната авијација, вклучувајќи и стјуардеси.

2013.

Нивната работа не е само да ги послужат со храна патниците, туку и да знаат како да излезат на крај со агресивните клиенти и да се погрижат за безбедноста на летот. Екипажот мора да биде подготвен за најразлични ситуации, и да извлече патници од авион во пламен, и да помогне при породување.

2015.

„Стјуардесите мораат да бидат привлечни и самоуверени, затоа што тоа ги смирува патниците“, вели Татјана Титова, инструктор во школата за авијација. „Ние имаме правила за сѐ: од украсите, до фризурите и шминката.

2017.

Работата на стјуардесите речиси и не се разликува од работата на сценските уметници. „Ние мораме секогаш да изгледаме најдобро“, вели Титова.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња