Пaтници преправени во Дедо Мраз и Снегурочка летаат бесплатно со руска авиокомпанија

Reuters
Единствениот услов е да има слободно место во авионот!

Нискотарифната авиокомпанија „Победа“ (во сопственост на „Аерофлот“) нуди бесплатен лет на патниците во костими на Дедо Мраз и неговата внука Снегурочка!

Акцијата ќе трае од 25 декември 2017 до 10 јануари 2018 година и важи за сите релации. Услов е патникот да дојде на шалтер во костим на Дедо Мраз или Снегурочка, да изјави дека сака бесплатен лет и да почека да заврши чекирањето на картите. Во авионот ќе го пуштат само ако остане празно место.

Доколку на патникот (или патничката) им се посреќи да полетаат без карта, нема да смее да го соблече костимот до крајот на летот „за да не им го расипува празничното расположение на останатите патници“, објаснуваат од компанијата „Победа“.

Костимот мора да биде стандардниот. За Дедо Мраз е задолжителна брада, а за Снегурочка плетенка. Во авиокомпанијата мислат дека оваа понуда ќе ја искористат оние кои не стигнале да купат карти и можат да поминат во чекање одредено време на аеродромот.

Треба да се каже дека картите за летовите со „Победа“ се секогаш распродадени до последната но, според статистиката, 3% од патниците не ја искористуваат својата карта.

Прочитајте  кој се грижи за патниците во авионите на „Аерофлот“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња