Во Сибир презентиран најновиот патнички авион МС-21

Се планира новиот модел да стане конкуренција на Боинг-737 и А-320 на рускиот пазар.

Во Иркутск (4200 км од Москва) се одржа презентација на новиот руски патнички авион МС-21. Кратенката „МС-21“ значи „Магистрален авион на 21 век“, соопшти нашето матично издание „Росијскаја газета“ во средата, 8 јуни.

Новиот модел е конструиран со цел да стане масовен и конкурентен аналог на другиот руски лидер во патничките авиони – Суперџет.

Се планира МС-21 да ги замени на рускиот пазар Ту-204 и Ту-154Б/М, како и најпродаваните во светот Боинг-737 и A-320. Компанијата веќе има договори за испорака на 175 авиони. Прв нарачател е „Аерофлот“ кој ќе купи 50 авиони.

Габаритите на новиот руски авион не се разликува од западните модели. Уделот на странски компоненти во МС-21 изнесува од 30% до 40%. Авионот има капацитет, во зависност од верзијата, од 150 до 211 патници.

Испитувањата се планирани да почнат на крајот на 2016 година, а сериското производство во 2017 година. Од 2020 година, како што се предвидува, компанијата „Иркут“ ќе произведува по 30 такви авиони годишно.

Видеото од презентацијата можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња