Што го поврзува Ив Сен Лоран со Русија?

Францускиот моден дизајнер Ив Сен Лоран ја држи за раце германската манекенка Калудија Шифер додека холандската манекенка Карен Мулдер (лево), италијанската манекенка Карла Бруни (десно) и други модели во позадина аплаудираат по презентацијата на неговата модна колекција Есен/Зима 1996. 10 јули, 1996.

Францускиот моден дизајнер Ив Сен Лоран ја држи за раце германската манекенка Калудија Шифер додека холандската манекенка Карен Мулдер (лево), италијанската манекенка Карла Бруни (десно) и други модели во позадина аплаудираат по презентацијата на неговата модна колекција Есен/Зима 1996. 10 јули, 1996.

Ројтерс
На 1 август големиот француски дизајнер Ив Сен Лоран би наполнил 80 години. Неговата врска со Русија започнала во педесеттите години од минатиот век и не завршила дури ни по неговата смрт. „Руска реч на македонски“ 5 интересни нешта што го поврзуваат овој човек со Русија.

1. Диор и првото доаѓање во Москва

Во 1957 година по неочекуваната смрт на Кристијан Диор, 21-годишниот Ив Сен Лоран станал уметнички раководител на модната куќа „Диор“. Неговата прва колекција „Trapèze“ излегува една година подоцна, а како нејзина основа се искористени формите на традиционалниот руски сарафан. Некои комплети дури и добиле назив според руски женски имиња – Надежда, Татјана.

Во 1959 година Ив Сен Лоран станал првиот дизајнер од западниот свет кој ја носи својата колекција во СССР. Ревијата што се одржала на Црвениот плоштад во ГУМ, главната стоковна куќа во земјата, предизвикала еуфорија. Секако, било речиси невозможно да се дојде на неа: покани им биле давани само на началниците на лесната индустрија, на филмските и на театарските ѕвезди и на сопругите на партиските раководители.

Модели на Диор шетаат во Москва, 1959 година. Фото: Getty ImagesМодели на Диор на улиците на Москва, 1959 година. Извор: Getty Images

Впрочем, подоцна, кога моделите влегле во стоковната куќа и на Црвениот плоштад за фотосесија, можеле да ги видат сите што сакаат. Фотохрониките од тие години запечатиле кадри: Русите гледаат на моделите облечени во фустаните на Диор како на вонземјани.

Еден од главните советски медиуми на тие години, списанието „Огоњок“, ревијата ја одбележало со ваква рецензија: „Посетителите во салата ги гледаат манекенките мошне внимателно: едните во мислите си ги пробаат фустаните и си ги ставаат на грбот крзнените плаштови, а другите се обидуваат да го најдат и да го запомнат моделот што им се допаѓа. Посетителките забележуваат: 'Зошто фустаните од дебела свила се толку отворени? Тоа е речиси сарафан. За нас, луѓето од северот, тоа не е многу практично. А, налето, дури и навечер, би било топло во таков фустан. Фустаните се малку куси. Полните и ниските тешко дека ќе ги украси. Рачно изработена тантела е убаво, но кој би можел да си дозволи толку скапа работа?'“

2. „Руска“ колекција од 1976 година

Извор: APИзвор: AP

Како што велел самиот дизајнер, тој ја сакал Русија и нејзината култура, чие влијание е забележливо во многу негови креации. Сепак, тоа никаде не било толку впечатливо, колку во колекцијата есен0зима 1976, посветена на балетските „Руски сезони“ на Сергеј Дјагилев, кои се одржувале во првата четвртина на дваесеттиот век во Париз и во Њујорк. Креаторот исто така се инспирирал од ликовите на хероините на руската литература, во прв ред од Наташа Ростова и од Ана Каренина.

Во неговите креации се гледаат мотиви позајмени од носијата на Казаците, од традиционалната селска облека и од модернистичките балетски костими на уметникот Лев Бакст. Колекцијата била пречекана со восхит: „Њујорк тајмс“ ја нарекол „револуционерна“, со способност да го измени правецот на развојот на модата. Самиот Ив Сен Лоран за неа рекол: „Не знам дали оваа колекција е мојата најдобра творба. Но, таа е сигурно најубавата“.

3. Дружбата со Лиља Брик

Лиља Брик, која најмногу е позната по својата страсна романса со поетот на руската револуција Владимир Мајаковски, ја сметале за жена која ја одредила епохата. Иако не била убавица, таа имала магиско дејство врз мажите. Многу истакнати уметници, писатели и поети од почетокот на 20 век ја нарекувале своја муза, па оттука и прекарот „музата на руската авангарда“.

Со Ив Сен Лоран таа се запознала сосема случајно на московскиот аеродром, кога Лиља Брик имала веќе 80 години. Подоцна најдобриот пријател и партнер на дизајнерот Пјер Берже се сеќава: „Покрај нас помина впечатлива жена со лисеста коса, во бунда со развеани поли...“

Извор: Михаил Озерски / РИА „Новости“Извор: Михаил Озерски / РИА „Новости“

Лоран во неа ја нашол една од своите најинтересни соговорнички: „Со Лиља Брик можев отворено да разговара апсолутно за сè – за љубовните нешта, за моралот, за уметноста, па дури и за политиката... И за модата, секако“, велел тој.

Дизајнерот ѝ подарувал на Лиља многу свои работи, а за нејзиниот 85 роденден ѝ подарил вечерен фустан што таа многу го сакала и често го облекувала и покрај правилото кое не дозволувало да се излегува во јавност двапати во иста облека.

4. Работата со Маја Плисецкаја

Извор: Corbis / Vostok-PhotoИзвор: Corbis / Vostok-Photo

Легендарната руска балерина Маја Плисецкаја со модните тенденции и со дизајнерите од Париз ја запознавала Елза Триоле, писателка, сопруга на Луј Арагон и сестра на Лиља Брик. Ѕвездата на светскиот балет едноставно не можела да не биде објект на восхитување на Ив Сен Лоран. Дизајнерот за неа го креирал костимот за балетот „Смртта на розата“. Нежно-розовиот воздушест фустан, како да бил сошиен од латици роза и кој при тоа не ги ограничувал движењата, станал вистинска сензација во женската шивалница на Бољшој театар. Костумот одлично се сложувал со чувствителниот, драматичен и новаторски дух на балетската претстава.

5. Љубов по смртта

Во 2008 година, креаторот кој го смени текот на модата, замина од овој свет. Сепак, куќата која го носи неговото име останува верна на неговата заинтересираност за Русија и од време на време се појавуваат модели инспирирани од Русија. Така се појави „рускиот“ парфем Magnificent Blossom Oriental Collection 2015 Russian Limited Edition кој беше создаден исклучиво за Русија, а во 2014 година излезе веселата палета ружови која повторно беше посветена на вечната љубов на Ив Сен Лоран – рускиот балет.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња