Советската мода од шеесеттите

Манекенки од модната куќа „Кристијан Диор“ во Главната универзална стоковна куќа, јуни 1959 година. Извор: Getty Images / Fotobank

Манекенки од модната куќа „Кристијан Диор“ во Главната универзална стоковна куќа, јуни 1959 година. Извор: Getty Images / Fotobank

Со доаѓањето на епохата на „затоплувањето“ на односите со Западот, во СССР започнува општествениот развој. На луѓето повеќе не им беше доволен аскетскиот начин на секојдневниот живот и облеката во сиви тонови. На полиците од продавниците почнаа да се појавуваат увозни производи, а советските жени имаа пристап до модните магазини со шивачки кроеви.

Кога во 1959 година во СССР за првпат беше донесена колекција од модната куќа „Кристијан Диор“, светот беше преплавен со фотографии на кои елегантни француски манекенки шетаат меѓу народот по Главната универзална стоковна куќа во Советскиот Сојуз. Овие витки госпоѓици со шешири никого не би зачудиле во Франција, но во Русија... 

До шеесеттите години од минатиот век СССР се наоѓа зад железната завеса и живее исклучиво од внатрешното производство. Странската мода не продира во државата, пензионерките, очеличени во револуцијата, свето веруваат дека им е гајле за изгледот на капитализмот. Носат фустани со едноставен крој, марами врзани под брадата, со свилени или со памучни чорапи, направени без ронка еластин, а тоа значи дека се собираат на глуждовите и на колената. Носат сандали со памучни чорапи, за да не добијат пликови од работата. Мажите, особено постарите, носат сиви или темно кафеави одела врз обична маица, или врз поло-маица која нагалено ја нарекуваат „пеперутка“.


Манекенки од модната куќа „Кристијан Диор“ во Москва, јуни 1959 година. Извор: Getty Images / Fotobank

Секако дека облеката редовно се перела и се пеглала, дури под притисок на идеологијата луѓето си ја чувале почитта кон себе и кон природната уредност. Домаќинките во кофи и лонци ги вриеле на шпорет белите кошули, постелнината и друго, ги извлекувале со посебни дрвени клешти, а некои дури и штиркале сѐ дури ткаенината не почне да чкрипи под прстите.

Како и кај секое правило и тука постојат исклучоци. Мојата прабаба, која во тоа време имала над четириесет години, шиела фустани со предизвикувачки комбинации од бои според последните модни списанија. Сепак, ткаенината ја набавувала благодарение на врските што ги имала и го користела секој сантиметар. А, еднаш, во еден приватен кројачки салон, направила украс за шапка и крзнен шал. Штета што тој комплет не е сочуван... Денес би бил актуелен.

Празна продавница Извор: Corbis / FotoSA

Со настапувањето на „затоплувањето“ на односите со Западот, со освојувањето на вселената (првиот човечки лет во веселената во 1961 година) и со општото восхитување од науката и од техниката, во СССР започнува општествениот развој. На луѓето повеќе не им беше доволен аскетскиот начин на секојдневниот живот и облеката во сиви тонови. На полиците од продавниците почнаа да се појавуваат увозни производи, а советските жени имаа пристап до модните магазини со шивачки кроеви. 

Секако, основата на женската гардероба и понатаму била составена од модели од масовното производство. Луѓето се шегуваа: „Во СССР нема мода, постои само лесна индустрија“, И навистина, сета стока на полиците во стоковните куќи се произведуваше во државните Модни домови. Постоеше строга селекција во согласност со комунистичките идеи и големо количество стока се шиеше во фабриките низ целата држава. Но, треба чесно да се признае дека квалитетот на поголем дел од облеката беше одличен, таа се носеше со години и често се подаруваше на идните поколенија. Но, во продавниците изборот беше скромен: неколку летни фустани, неколку зимски облеки, едни плетени ракавици и неколку пара чевли.


Редица во модна продавница. Извор: Getty Images / Fotobank

Радост и задоволство за советските жени станаа кожната галантерија, трикотажата и козметиката кои беа увезени од државите на социјалистичкиот блок. А, вистинска „акробација“ беше да се набави ретката италијанска или француска облека кои требаше да се плати со суво злато. Можеше да се набави само со познанства и врски, како во шпионски детективски роман. 

Тогаш во СССР за „фарцовка“, како што се нарекуваше нелегалната продажба на увозна стока, можеше да се добие прилично висока затворска казна и одземање на имотот. Освен тоа, девизите беа забранети во земјата. Дилерите наоѓаа различни начини како да дојдат до „партали“ од странци кои доаѓаа во СССР: некој ги менуваше за советски сувенири, некој за бесплатни влезници за театар, некој ги добиваше „како знак за вечно пријателство“ по заедничко испивање ерменски коњак.


Девојка во модерен фустан. Извор: Рахманов / РИА Новости

Желбата да се биде привлечен го победуваше дефицитот. Освен тоа, на телевизија почнаа да се прикажуваат странски филмови и вести. Во 1957 година одржан е првиот меѓународен Фестивал на младинците и студентите кој во Москва привлече голем број странци. И уште нешто. Заминувањето во странство им беше дозволено на спортистите и на филмаџиите, кои оттаму почнаа да носат облека за своите семејства и за пријателите. Младите почнаа да носат модерни наметки и широки, дебели палта со чешлана волна. 

Актерите во советскиот филм од шеесеттите години на минатиот век се облекуваа по последна мода, за во странство да покажат дека во Русија постои шик и дека луѓето се облекуваат со стил. Така, и самата филмска индустрија стана послободна. На екраните почнаа да се појавуваат актерки со распуштени коси ала Брижит Бардо, во фустани без ракави. Ликот на хероината која се грижи за модата престана да биде негативен, а ѕвезда на епохата стана Татјана Доронина со нејзината кошница-фризура. Многу советски жени, инспирирани од ѕвездите, почнаа да носат фустани во форма на трапез и чорапи со шев, да ги шминкаат очите и да прават кошница-фризури.


Жена со „кошница“. Извор: Getty Images / Fotobank

Заостануваше само детската мода. Таа навистина недостасуваше на советската модна сцена. Децата можеа да бидат пристојно облечени единствено само ако облеката им е сошиена или ако е набавена во странство. Но, основната облека на децата што одеа во градинка се состоеше од памучни чорапи прицврстени со посебни затегнувачи за куси панталони и кошула од катун. 

Но, во сето тоа постојат и позитивни моменти. Многу Руси со носталгија се присетуваат на далечните шеесетти години од минатиот век. Кусите панталони врз непровидни хулахопки денес се носат низ целиот свет. И тоа не само децата. А, бабините фустани од тоа време сега станаа вистински моден фетиш.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња