Со фасцинантните фотографии објавени на „Твитер“ од необични, најчесто застрашувачки, морски суштества кои живеат во неистражените океански длабочини на нашата планета, а изгледаат како да не се од овој свет, рибарот од Мурманск Роман Федорцов го привлече вниманието на корисниците на интернетот кон крајот на минатата година.
Роман Федорцов
Година дена подоцна Роман на својот профил на „Инстаграм“ има 220000 следачи, а за најнеобичните примероци од уловот на неговиот рибарски брод, иако за око не се ни најмалку пријатни, зборува целата планета.
Роман Федорцов
Морските чудовишта најчесто ги потсетуваат коментаторите на интернет на јунаци од научнофантастичните филмови, демони од пеколот или вонземјани, понекогаш само од мака ќе им се насмеат, а има и остра сатира.
Роман Федорцов
Роман редовно објавува фотографии и видеоснимки кои кажуваат за секојдневието на рибарскиот брод со најнеобичниот улов на светот.
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Роман Федорцов
Прочитајте колку нови видови животни се откриени во Охотското море.