Вработените во прифатилиштето за животни во Челјабинск на својата страница на најпопуларната во Русија социјална мрежа ВКонтанкте објавија фотографии од многу необично животно кое најде кај нив прибежиште.
Интернет-корисниците сега нагаѓаат дали ова суштество е повеќе мечка или пес, ги нарекуваат „медведопјос“, а некои сакаат да му бидат кумови па предлагаат имиња. Засега во игра се Потапич и Копатич.
Оваа необична ѕверка луташе по улиците на Челјабинск. „Луѓето купуваат кученца за ситни пари. Кученцето потоа ќе порасне во некаква чудна ѕверка и го оставаат на улица како фалична играчка“, негодуваат корисниците на социјалната мрежа.
Во прифатилиштето не очекуваат дека некој наскоро ќе посака да стане сопственик на овој мечкопес, дотолку повеќе што животното, како што велат, е со многу низок степен на социјализација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче