Рибата на 9 септември ја уловија вработените на компанијата „Курилски рибар”, но на копното стигна дури два дена подоцна. За тоа време рибата се расипала, па затоа е префрлена на специјална депонија каде што ја изедоа мечки од дивината.
Според информациите на порталот Sakhalin.info, за овој улов се заинтересирале од Сахалинскиот локален музеј. Тие сакале да ја препарираат рибата и да ја претстават како музејски експонат, но таа идеја не се реализирала.
Големиот буцањ (Mola mola) е најголемата риба со коскен скелет на светот. Во Европската унија е забранета продажбата на оваа риба и нејзините сродни видови. Најголемиот примерок на голем буцањ е уловен 1908 година покрај бреговите на Австралија. Бил тежок 2235 килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче