На почетокот на декември се поставени речиси триста столбови кои го држат мостот преку Керченскиот залив. Автомобилскиот сообраќај ќе биде пуштен кон крајот на 2018 година.
Министерството за транспорт на Руската Федерација ги потврдува плановите мостот да биде пуштен во сообраќај до крајот на 2018 година, изјави министерот Максим Соколов. „Потврдуваме дека Министерството за транспорт ќе ја реши таа задача и до крајот на следната година мостот ќе биде отворен за сообраќај. Тоа се однесува не само на мостот, туку и на неговите приоди“, изјави министерот во интервју за „Русија 24“.